Грчката Влада од денеска почна со доделување на „социјалната дивденда“ од буџетскиот суфицит, регистриран минатата година.
Сумата изнесува 133,2 милиони евра и ќе биде распределена на банкарските сметки на првите 205.912 субјекти, кои имаат право на таква дивиденда.
Тоа значи дека секој член на домаќинство ќе добие во просек по 647 евра.
Денеска ќе биде доделена и еднократна помош за 75.328 униформирани лица.
Износот на оваа т.н. „социјална дивиденда“ е во зависност од растот на приходите. Станува збор за приходи до шест илјади евра за минатата година. Така на пример секој член на домаќинство со приход до шест илјади евра ќе добие дивиденда од 500 евра, а со приход до 6.100 евра, дивиденда од 400 евра.
„Социјалната дивиденда“ се доделува, откако Владата на премиерот Андонис Самарас постигна спогодба со тројката меѓународни кредитори во врска со последната ревизија на грчката економска програма, а Евростат потврди дека Грција постигнала првичен суфицит од 1,5 милијарди евра минатата година.