Грчката Влада ќе субвенционира купување електрични автомобили, мотори и велосипеди

Од:

Еколошки бонус, односно субвенција за физички лица, за компании и за такси возила, за набавка на електрични автомобили, мотори, велосипеди и мали комбиња, предвидено е да биде вклучен во новиот закон од Министерството за животна средина и енергија на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретниот предлог-закон што е вклучен во широкиот план за „зелен транспорт“ и подобрување на квалитетот на животот, надлежниот министер Костис Хаѕидакис вчера го презентираше за време на владината седница, додека пак комплетниот план ќе го претстави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на 5 јуни, на Светскиот ден на животната средина.

Законот, освен субвенциите, предвидува и даночни олеснувања за компаниите да стекнат и да користат електрични возила, предвидува бесплатен паркинг за електричните возила, како и мерки користење на електричниот транспорт во јавниот сектор.

Кон средината на февруари во грчкиот Парламент пристигна првиот електричен автомобил, а претседателот на Парламентот, Констанинос Тасулас, тогаш рече дека веќе 26 пратеници, нивните службени возила ги заменуваат со електрични автомобили.

Би можело да ве интересира

На атинската ривиера почнува изградбата на еден од најголемите паркови и комплекси на Медитеранот

Ана Ололовска

Грчките острови повторно горат, големи пожари на Крит и Евија

А1он

Пецас: Секои две седмици ќе се ажурира листата со трети земји за влез во Грција

Ана Ололовска

Мицотакис: Нашата цел е да го достигнеме европскиот просек на кревети на интензивна нега

Ландов

На грчките аеродроми направени над 4.000 тестови за Ковид-19

Ана Ололовска

ВИДЕО: Голем пожар го зафати грчкиот остров Хиос, избегната евакуација

А1он