Грчката Влада ја осуди насловната страница на грчки весник со навреда за Ердоган

Од:

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас и Министерството за надворешни работи на Грција, реагираа и ја осудија насловната страница на грчки дневен весник поради упатени погрдни зборови до претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, јави дописничката на МИА од Атина.

-Слободата на говор и независноста на медиумите се негуваат од грчкиот народ и се заштитени во нашиот Устав. Ова, сепак не ја негира одговорноста да се почитува странски лидер. Навредливиот јазик е спротивен на нашите вредности и може само да биде осуден од грчката Влада, напиша Пецас денеска на неговиот официјален „Твитер“ профил.

Со осуда излегоа и од грчкото МНР, соопштувајќи дека слободата на изразување и слободата не медиумите се гарантирани во Грција, „но ова не ја негира обврската за воздржување од упатување навреди кон личности и странски лидери“.

-Употребата на навредливи изрази е штетна за политичката култура на нашата земја и може само да се осуди, соопштија од грчкото МНР.

Десничарски ориентираниот весник „Димократиа“, на насловната страница, вчера објави псовка до Ердоган, напишана на турски јазик, по што според грчките медиуми, во Министерството за надворешни работи на Турција бил повикан гркиот амбасадор во Анкара.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски