Грчката полиција забрани протест за време на викендот, планиран во центарот на Атина од група војници резервисти на специјалните единици на армијата, кои бараат оставка на Владата и назначување времен кабинет, за кој гарант ќе биде армијата.
Војниците го планираа протестот за сабота вечер на плоштадот Синтагма пред Парламентот со повици за реализирање на вкупно 15 нивни барања, кои ги објавија на сајтот.
Полицијата вчера објави дека ја забранува демонстрацијата бидејќи, „таа може да доведе до нереди“.