Грчката полиција ја пронајде групата мигранти заглавена на границата со Турција

Од:

Групата од 38 мигранти кои извесен период беа заглавени на малиот остров во реката Еврос на копнената граница меѓу Грција и Турција, вчера беше лоцирана и спасена од грчката полиција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека по новите информации и деталната истраги, биле пронајдени 22 мажи, девет жени, меѓу кои и една бремена и седум деца, а сите рекле дека се од Сирија.

Групата била откриена на околу четири километри јужно од првично пријавените координати пред неколку дена што биле вон грчката територија.

Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис, денеска ќе го посети Еврос за да се информира за мигрантите, а на Твитер напиша дека биле пронајдени на грчка територија, четири километри јужно од островот и се во добра здравствена состојба, а бремената жена, превентивно била пренесена во болница.

Дел од медиумите во Грција во изминатиот период пишуваа дека во групата имало и петгодишно девојче кое починало на островот откако ја каснало скорпија, а целиот случај беше актуелен во земјата, но без да постои официјална потврда.

Грчката полиција во неделата соопшти дека по натписите во медиумите за присуството на мигрантите на малиот остров, била спроведена потрага, но без резултат и без да бидат пронајдени лицата, а паралелно додадоа дека добиените координати со локацијата се вон грчка територија.

Со ист став беше и надлежниот министер, додека пак ден подоцна, групата беше пронајдена.

Паралелно, од опозициската партија СИРИЗА бараат одговори од Владата „како го објаснува ненадејното откривање на луѓето, кога самата преку надлежниот министер и официјални соопштенија од полицијата уверуваше дека на островот не е откриено човечко присуство“, но и дали ќе му се извини на грчкиот народ „за пуштените информации дека присуството на мигрантите на островот е fake news“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он

Пет Кинези илегално влегле во Македонија –добија парична казна, депортација и забрана за влез

Анита Петровска Рајковиќ

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он