Грчката крајбрежна стража спаси повеќе од 750 мигранти

Од:

Грчката крајбрежна стража соопшти дека спасила стотици мигранти и бегалци, додека се обидувале со чамци да стигнат до грчките острови од турскиот брег.

Грчките власти, од вчера до денеска собрале 751 луѓе во 19 инциденти во близина на бреговите на островите Лезбос, Самос, Агатониси, Фармакониси, Калимнос и Сими. Во овие бројки не се вклучени стотиците други мигранти кои стигнуваат до бреговите на островите.

Досега, само оваа година, во Грција пристигнале повеќе од 200 илјади бегалци и мигранти кои бегаат од војната и сиромаштијата на Блискиот Исток, во Африка и делови од Азија.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит