Грчката крајбрежна служба демантира вмешаност во случај со загинати мигранти во турските територијални води

Од:

Крајбрежната служба на Грција ја демантира турската крајбрежна служба во врска со инцидентот во близина на Мармарис, во територијалните води на Турција, во кој животот го загубија шест лица и тврдат дека немаат никаква вмешаност во насилното враќање на мигрантите, јави дописничката на МИА од Атина.

-Крајбрежната служба на Грција категорично го демантира соопштението на турската крајбрежна служба во врска со наводната вмешаност во наводен инцидент со насилно враќање мигранти што резултираше со смрт на шест мигранти во морската област на Мармарис, во рамките на турските територијални води, пишува во демантот.

Од турската крајбрежна служба вчера соопштија дека „беа спасени 73 нелегални мигранти оставени да умрат од грчките крајбрежни власти и пронајдени шест тела“. Тие додадоа и дека спасиле 66 лица од три чамци, а останатите седум мигранти биле во морето и се држеле за чамец за спасување.

Објаснија дека спасените мигрантите изјавиле дека на 10 септември, со дрвен чамец долг 15 метри тргнале од Триполи за Италија и побарале помош од грчките власти откако останале без гориво во близина на островот Родос, по што биле префрлени на брод на грчката крајбрежна стража и биле земени нивните вредни предмети, префрлени на четири чамци за спасување на локација блиску до турските територијални води и се оставени таму.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти