Грчката црква нема пари

Од:

Архиепископот на Атина и цела Грција Јеронимос предупреди дека наскоро црквата нема да може да им плаќа на црковните лица, објави Прото тема во информација насловена: И грчката црква банкротира.

Во интервју за локалната телевизија ТВ1000, Јероним вели дека ако не се најде начин за обезбедување финансии, по два месеца црквата нема да може да им плаќа на поповите и 300 од нив ќе останат без работа.

За првпат грчкиот архиепископ јано изјавува дека касите на црквата се празнат, наведува весникот. Проблемот според него, се должи на немање приходи од наем и акциите сопственост на црквата. Тој не смета дека е неопходно да се промени начинот на кој работи црквата.

– Не сум политичко ниту воено лице. Јас сум архиепископ, која сака да го даде животот за сиромашниот човек, за страдалникот за да ја држи црквата обединета, посочува Јероним во интервјуто. Црквата во Грција е втор сопственик на земја во државата и богатството е проценето на суми меѓу 700 милиони евра и 2,5 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Земјотрес во Грција