Грчка влада: Не постои ризик за парламентарни избори ако Златна зора го напушти парламентот

Од:

Портпаролот на грчката Влада Симос Кедикоглу изјави денеска дека исклучува можност за предвремени избори ако пратениците од Златна зора го напуштат парламентот.

Лидерот на крајнодесната Златна зора Николаос Михалолиакос предупреди синоќа дека „сите опции се отворени“ откако полицијата почна голема истрага против партијата по убиството на раперот-антифашист Павлос Фисас од наводен член на формацијата.

Постоеја шпекулации дека ако сите пратеници од Златна зора го напуштат парламентот, премиерот Самарас ќе треба да свика предвремени парламентарни избори. Според Кедикоглу ќе бидат спроведени само делумни избори.

– Демократијата не може да биде изнудувана. Судството треба да го заврши тоа што го почна. Ако треба да има делумни избори тие ќе бидат во реони каде треба да се сменат парламентарците, изјави тој за грчки медиуми. Златна зора има 18 пратеници во парламентот во кој има вкупно 300 народни избраници.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит