Граѓаните во Албанија ќе добијат „ковид пасош“ откако ќе ја примат првата доза од вакцината

Од:

Албанската министерка за здравство Огерта Манастирлиу изјави дека лицата кои ќе бидат вакцинирани против Ковид-19, ќе добијат документ издаден од владиниот портал е-Албанија, што може да послужи како „пасош за патување“ во странство.

-Планиравме и подготвени сме преку е-Албанија да го добиеме форматот за вакцинација. Така да секој кој ја примил првата доза од вакцината ќе добие „пасош за патување“ во странство преку код скениран преку е-Албанија, рече таа.

Манастирлиу додаде дека поради познатите причини кои ги објави Фајзер, доцни испораката на договорените над 10 илјади вакцини од оваа компанија, кои требаше да пристигнат првите денови од третата недела на овој месец.

Поради зголемениот број на новозаразени со Ковид-19, министерката упати апел до граѓаните и деловните субјекти строго да ги почитуваат мерките и протоколите.

Инаку, во последното деноноќие од направените 3.314 тестови, позитивен резултат е добиен кај 739 што е околу 23 отсто од тестираните.

Во списокот на оздравени се внесени 469, битката со опасниот вирус ја загубиле седум лица, сите во болнички услови, додека во четирите ковид болници се хоспитализирани 274 пациенти.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија