Граѓаните на Црна Гора ќе можат да бираат меѓу три вакцини

Од:

Граѓаните на Црна Гора ќе имаат можност да бираат помеѓу вакцините на „Фајзер / Бионтек“, кинеската „Синофарм“ и руската вакцина „Спутник V“, потврди министерката за здравство на Црна Гора, Јелена Боровиниќ Бојовиќ.

Таа кажа дека Владата договорила или е во завршна фаза од договорот за набавка на 250.000 дози вакцини против коронавирус за првиот квартал на оваа година, а првите дози се очекува да пристигнат на почетокот на февруари.

„Прво ќе бидат вакцинирани штитениците во домовите за стари лица и персоналот што работи со нив. После тоа, ќе започне вакцинацијата на лица постари од 80, 75, 70 години, приближувајќи се на 65-годишна возраст, и секако на здравствените работници кои се на првата линија во борбата со вирусот“, рече Боровиниќ Бојовиќ.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора