Граѓаните да се вакцинираат и тоа побрзо, порача Мицотакис

Од:

Сакам уште еднаш да ги охрабрам нашите сограѓани да се вакцинираат што е можно побрзо, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на средбата со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу и истакна дека од податоците од Одделите за интензивна нега во болниците, 95 отсто од пациентите не се целосно вакцинирани.

Мицотакис се осврна и на фактот што над 100.000 лица на возраст од 30 до 39 години за само еден ден се пријавиле за вакцинирање и додаде дека е позитивно што процесот на имунизација, односно операцијата „Слобода“ веќе се шири и на продуктивната старосна група.

Претседателката на Грција истакна дека е „особено оптимистичко тоа што програмата за вакцинација напредува исклучително добро, бидејќи огромното мнозинство од граѓаните, а сега младите се убедени дека тоа е единственото решение за ослободување од кошмарот на пандемијата“.

Сакеларопулу и Мицотакис разговараа и за претстојниот празник и дополнителното олеснување на рестрикциите во Грција, порачувајќи дека не треба да има опуштање.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски