Градоначалникот на Загреб го чисти ѓубрето со работниците: Ајде да го исчистиме градот што поскоро

Од:

Четиридневниот штрајк на работниците за чистење во Хрватска заврши, откако беше постигнат договор со градоначалникот Томислав Томашевиќ , кој потоа заедно со работниците излезе на улиците на главниот град и почна да го чисти сметот. Тој вели дека ќе ги чисти улиците како „работник за поддршка“.

На преговорите беше договорено пет барања на штрајкувачите веднаш да се исполнат, а за другите шест да се разговара во следниот месец, изјави градоначалникот на новинарите по разговорот со работниците.

Градоначалникот, кој на пресот дојде облечен во работен костим, рече и дека во следните неколку часа заедно со работниците ќе учествува во отстранување на сметот, односно „на обука за помошен работник“, за подобро да ја разбере нивната работа.

„Понудив да одам и денес да поминам неколку часа со работниците на терен. Затоа сум така облечен. Следните неколку часа сум на терен.“, рече градоначалникот.

„Работниците ме замолија да дојдам и дојдов, цела смена ќе работев, но морам да се вратам на седницата“, рече градоначалникот. Ајде да го исчистиме градот што поскоро“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Угостител од Истра: На готвачите им нудам 2.000 евра, на келнерите 1.000, никој не сака да работи

Ана Ололовска

ВИДЕО: Експлозија одекна низ цел град, детонирана подводна мина кај Риека

Катерина Павлова-Николовска

Притворен е матурантот кој со мачета влезе во загрепска гимназија

Горан Наумовски

Уапсено момчето кое упадна со мачета во гимназија во Загреб

Ана Ололовска

ВИДЕО: Млад човек со мачета упадна во гимназија во Загреб, полицијата трага по него

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Мртов човек е пронајден во стан во Загреб, сведоците тврдат: Сопругата го уби и скокна низ прозорецот

Горан Наумовски