Градоначалникот на Пирот по истекувањето амонијак: Оптимистички прогнози, утре најверојатно ќе ја укинеме препораката за училиштата

Од:

Владан Васиќ, градоначалник на српскиот град Пирот, каде во сила е вонредна состојба по истекување на амонијак од превртен вагон, изјави дека има простор за оптимизам со оглед на тоа што вчера во индустриската зона беше поставена уште една мобилна станица за мерење на квалитетот на воздухот, а сега ги има две.

Тој појасни дека граѓаните можат да го проверат квалитетот на воздухот и концентрацијата на амонијак преку веб-страницата pirot.kosava.net.

Кога станува збор за квалитетот на водата, пред се Нишава, Васиќ вели дека според синоќешните податоци на Институтот за јавно здравје, кај Бела Паланка може да се забележи пад на концентрацијата на амонијак, пренесува РТС.

– Доколку продолжат таквите оптимистички прогнози, очекувам да ја укинеме препораката за затворање на училиштата и од утре да почнат со физичко присуство, како и да почнат да работат работните организации, вели Васиќ, додавајќи дека вонредната состојба нема да се укине додека не се отстрани сиот товар од шините и околината.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пироќанец и турски камионџија загинаа од амонијак: Пристигнаа резултатите од обдукцијата на телата во Пирот

А1он

(ВИДЕО) Уште летово се распаѓала пругата кај Пирот: Луѓето навреме предупредувале

А1он

20 лица задржани во болници, во Пирот нема амонијак

Градоначалникот на Пирот: Прогласената вонредна состојба останува на сила

Горан Наумовски

ВИДЕО: Деца повредени од отровниот облак во Пирот – предизвикува слепило и смрт, само ветар е спас за граѓаните

Анита Петровска Рајковиќ

Едно лице почина во болницата во Пирот од задушување со амонијак

А1он