Градоначалникот на Истанбул во посета на Атина

Од:

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, од денеска е во дводневна посета на Атина, а ќе се сретне со неговиот домаќин, атинскиот градоначалник Костас Бакојанис и ќе биде примен од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Имамоглу, дводневната посета ќе ја започне претпладнево со средбата со Бакојанис во Општина Атина, а потоа, двајцата градоначалници ќе заминат во премиерската палата, каде што ќе бидат примени од Мицотакис.

Според официјалната програма, Имамоглу ќе ги посети Акропол, Националната галерија, плоштадот Синтагма за одблиску да ги види новините што ги подготвува општина Атина, а вечерва, во античкиот театар под Акропол, ќе ја следи изведбата на Моника Белучи на монологот „Maria Callas: Letters and Memories“.

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Силен земјотрес во Турција, кај Анталија се тресеше со јачина од 4,8 степени

Катерина Ѓуровски

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

Силен земјотрес ја погоди Турција

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди