Градоначалникот на Бања Лука ќе ги тужи организаторите на протестите „Правда за Давид“

Од:

Градоначалникот на Бања Лука, Игор Радојчиќ, најави дека градот најверојатно ќе влезе во судски спор против организаторите на собирите „Правда за Давид”.

На 30-ти декември, организаторите спречија да се одржат новогодишните концерти во Бања Лука, и со тоа беше предизвикана значителна материјална штета, рече Радојчиќ.

Тој посочи дека градските власти добиле бројни поплаки од угостители и сопственици на хотели, бидејќи биле откажани голем број посети на туристи на Бања Лука.

Собирите „Правда за Давид“ се одржуваат веќе девет месеци, а претходнава недела револт предизвика апсењето на таткото на Давид, Давор Драгичевиќ, кој следниот ден беше ослободен. На социјаната мрежа „Фејсбук“ на групата „Правда за Давид“ беше објавено дека меѓу приведените бил и Давор Драгичевиќ, таткото на Давид, кој сè уште не е познато каде се наоѓа.

Полицијата пред два дена приведе и неколку други учесници на протестите и против нив се покренати прекршочни постапки.

Безживотното тело на младиот 21-годишен студент Давид во месец март минатата година беше пронајдено на брегот на реката Црвена, една недела откако тој беше пријавен за исчезнат.

Граѓаните бараат од властите да го открие и уапси неговиот убиец, додека од полицијата посочија дека со првичната истрага утврдено било дека смртта настанала поради давење, но без елементи на кривично дело. По што по неколку месеци, тамошното Јавно обвинителство донесе наредба да се покрене истрага против непознати сторители поради основано сомнение за убиство.

Меѓутоа досега овој случај се уште останува неразјсанет, ниту пак некој е приведен или осомничен за неговото убиство.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Заладување во регионот, снег во Загреб и Бања Лука

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина