ВИДЕО: Градоначалникот на Бања Лука избега од говорницата во моментот на земјотресот

Од:

Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, ја прекина својата прес конференција и избега од говорницата велејќи „Луѓе ова е земјотрес, и тоа сериозен земјотрес“.

Веднаш по него, и останатите претставници на општината кои беа зад него испаничени ја напуштија просторијата.

Станивуковиќ потоа се врати во прес салата за да им помогне да се евакуираат и новинарките кои ја следеа прес конференцијата.

Земјотресот од 6,3 степени по Рихтер кој ја погоди Хрватска, се почувствува и во Бања Лука.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Силен земјотрес го погоди Мексико

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари