Грабар-Китаровиќ: Нема изборна кампања, нема потреба од средби со граѓани

Од:

Кабинетот на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ објави дека официјалната претседателска кампања не е започната, па нема причина таа да се „соочува со обични граѓани“.

Соопштението е реакција на барањето на претседателските кандидати Зоран Милановиќ и Мирослав Шкоро јавно да се соочат со Грабар-Китаровиќ.

„Ниту Милановиќ, ниту Шкоро сè уште немаат собрано 10.000 потписи, така што не се ни официјални кандидати, ниту пак е почната кампањата. Кога ќе се распишат изборите – може, барем претседателката никогаш не бегала од луѓе и комуникација пред публика. Но, за сега, Зоран Милановиќ за нас е обичен граѓанин, па зошто претседателката на Републиката би се соочила со граѓанинот Милановиќ. Нема причина за тоа“, се наведува во соопштението од Кабинетот.

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он