Гордон:Балканот да ги исполни условите за ЕУ и НАТО

Од:

Американскиот помошник државен секетар за европски прашања Филип Гордон по најавата на рускиот Газпром за  скопрешниот почеток на изградбата на гасоводот Јужен поток, излезе со јасно предупредување до балканските земји да не дозволат да  бидат зависни само од еден снабдувач за своите енергетски потреби.

Гордон вели дека еден од приоритетите е јужниот коридор е разновидноста во енергетското снабдување на Балканот и средна и источна Европа.

„ Земјите кои за своето енергетско снабдување се зависни од само еден снабдувач, се и политички зависни. Затоа има голем економски, политички и стратегиски интерес да имаме разновидност во енергетското снабдување. Ние не сакаме да бираме и промовираме гасоводи, туку да промовирале разновидност во снабдувањето“, изјави Гордон.

Тој потенцираше дека од балканските држави се очекува исполнување на условите за членство во ЕУ и НАТО.Кажа дека и покрај сите предизвици Балканот не го заборавиле.

„Ние не се натпреваруваме, напротив, знаеме дека не можеме да успееме во регионот без Европа и Европа не може да успее без нас“, изјави Гордон.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски