Гордон: Србија ќе мора да се помири со независноста на Косово

Од:

Помошникот американски државен секретар, Филип Гордон денеска во Дубровник изјави дека САД очекуваат нормализација на односите меѓу Србија и Косово.

„Ни ние ниту ЕУ не очекуваме во оваа фаза Србија да го признае Косово. Таа тоа нема да го направи. Меѓутоа, Србија ќе мора да се помири со реалноста за демократското, суверено, независно и мултиетничко Косово во сегашните граници“, рече Гордон на вториот ден од Кроација самитот што се одржува во Дубровник.

Американскиот диполомат кажа дека САД сакаат да помогнат во тој процес, но дека Белград мора да престане да ги поддржува нелегалните безбедносни и судски структури на северот на Косово.

На Кроација самитот учествува и Борис Тадиќ но како претседател на ДС, а Србија одби да учествува и не прати официјални претставници поради присуството на косовскиот премиер Хашим Тачи.

 

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати