Големи протести во Приштина поради силување на 11-годишно девојче

Од:

Илјадници граѓани на Приштина излегоа на улиците поради случајот со силување на 11-годишно девојче во Косово, пишува „Евроњуз“. Злосторството се случило во саботата кога пет лица силувале 11-годишно девојче од Приштина. Косовските медиуми јавуваат дека девојчето било силувано од 17.30 до 00.30 часот во еден од градските паркови.

Судејќи по фотографиите на социјалните мрежи, црвена боја е фрлена на седиштето на косовската влада и Министерството за правда. Демонстрантите бараат смртна казна за сторителите.

Еден од осомничените за силување е 26-годишниот Екрем Реџепи. Приведени се и неговиот малолетен брат и уште тројца малолетници.

На четворицата уапсени им е изречен едномесечен притвор, а одлуката за петтоосомничениот треба да биде објавена денеска.

Протестите во Приштина беа организирани од невладини организации кои се занимаваат со заштита на жените во Косово. Една од организаторите, Трина Бинаку, рече дека силувањето на 11-годишно девојче е симбол на косовскиот патријархален систем.

Бинаку рече дека протестите ќе продолжат сè додека владата не воведе ефективни мерки за казнување на родовото насилство.

Шефот на косовската полиција во средата поднесе оставка поради, како што вели, професионалната совест во врска со овој случај.

Би можело да ве интересира

МВР: 26-годишен маж сакал да силувала 68-годишна жена

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Момче силувало малолетно девојче

За насилникот кој злоставуваше малолетничка се бара притвор, немала ни 15 години

Катерина Ѓуровски

Средовечен маж повеќепати силувал малолетничка

Катерина Ѓуровски