Голема полициска акција во цела Европа, апсења во Хрватска и во БиХ

Од:

Во неколку европски земји, вклучително и Хрватска, во тек е полициска операција за разбивање на криминални групи кои шверцувале дрога на територијата на Западна Европа, потврди во средата Обвинителството на БиХ во Сараево.

Хрватската полиција и Ускок се уште не ја објавиле детали од акцијата која според неофицијални информации се спроведува во Загреб и во неколку жупании во Хрватска.

„Јутарњи лист“ наведува дека низ Хрватска се уапсени неколку лица за шверц на над 100 килограми кокаин и хероин и над 100 килограми хашиш, како и за шверц на воено огнено оружје и експлозиви.

Исто така, дел од осомничените како дел од оваа акција во соседните земји се товарат за ликвидација на заштитени сведоци и високи полициски функционери, пишува весникот.

Обвинителството на БиХ објави дека рациите биле спроведени во соработка со Европол и агенциите за спроведување на законот од Хрватска, Словенија, Германија, Холандија, Белгија и други земји на ЕУ.

Обвинителството на Босна и Херцеговина посочи дека во интерес на истрагата не можат да објавуваат дополнителни информации, но порталот Дневни аваз од Сараево тврди дека мета се членови на криминален клан на чело со Дино Музаферовиќ од Велика Кладуша.

Се верува дека тој е организатор на криминална група која произведувала големи количини марихуана во пограничната област меѓу БиХ и Хрватска.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Ослободена е келнерката која запали шанк и повреди седум лица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Келнерка палела шанк во ноќен клуб, ги запалила и гостите – инцидент ов Хрватска

Алпинист загина во Националниот парк Пакленица, паднал од височина од околу 150 метри

Пукано во возилото на хрватскиот јавен обвинител Иван Турудиќ

Горан Наумовски

Пленковиќ: Милановиќ продолжува со циркусот, маските паднаа

На роденденска забава во Хрватска: Маж палел скара со запалива течност, па во паника запалил девојче

Горан Наумовски