Ѓулен: Анкара од очај се зближува со Москва

Од:

Исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат дека е организатор на обидот за преврат од 15 јули, смета дека Анкара била принудена на зближуавање со Русија заради тоа што немала друг избор.

-Турција сега има многу проблеми. Мислам дека овие чекори ги отелотворуваат очајничките активности поради недостигот од алтернатива, изјави Ѓулен во интервју за телевизијата „Ал Арабија“, одговарајќи на прашањето дали зближувањето на Турција со Иран и Русија е нови правец во надворешната политика или начин да се изврши притисок врз Западот.

„Треба да се разбере дека Путин е многу умен човек, многу мудар лидер и не верувам дека тие активности на Ердоган можат лесно да го доведат во заблуда“, изјави Ѓулен во интервјуто пренесено и од руските медиуми.

Односите меѓу Русија и Турција нагло се влошија откако турската авијација минатиот ноември го го собори рускиот авион Су-24 над Сирија.

Меѓутоа, по долга пауза, на 1 јули во Сочи се состанаа шефовите на дипломатите на двете земји, Сергеј Лавров и Мевлут Чавушоглу, а на 9 август во Санкт Петербург беше одржан првиот состанок на претседателите Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, на кој беше одлучено да се обноват билатералните односи.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски