Ѓул: Во Турција треба да се врати парламентарниот систем на владеење

Од:

Поранешниот турски претседател Абдула Ѓул се изјасни за враќање на парламентарниот систем во Турција, изјавувајќи дека никогаш досега турскиот Парламент не бил толку обезличен.

Во интервју за турскиот весник „Карар“ Ѓул кажа дека уште како претседател верувал дека парламентарниот систем на владеење е подобар за Турција.

Според него, во моментов во целиот свет политичкиот ислам е урнисан.

-Повеќе го преферирам демократскиот парламентарен систем. Големото национално собрание на Турција никогаш не било толку обезличено. Турција токму сега го трпи овој дефицит, рече 11-от претседател на земјата.

Весникот „Карар”, за кој Ѓул зафати и други актуелни теми, забележува дека ова е прво интервју на поранешниот претседател со години наназад.

По повод ситуацијата во сириската провинција Идлиб, каде тензиите меѓу Турција, Русија и Сирија се продлабочија по преземената сириска владина офанзива, Ѓул искажа мислење дека не треба да се влегува во суштинска војна со оваа земја. Според него, меѓутоа приодот на целиот свет во однос на Сирија е многу погрешен.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски