Ѓукановиќ: Ќе ја поддржам секоја иницијатива од власта за доброто на Црна Гора

Од:

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ на состанокот со шефот на делегацијата на ЕУ во Подгорица, Оан Кристина Попа, изјави дека преминот на власта во државата се одвива без проблеми и покрај неоправданите сомнежи за можни опструкции на дел од домашната и меѓународната јавност.

Тој и се заблагодари на европската амбасадорка за извештајот од ЕК за напредокот на Црна Гора и упати честитки до мандатарот кој ќе ја формира новата црногорска влада.

„Доделувањето мандат на предложениот кандидат е придонес за поттикнување на брзото формирање на владата со цел преземање на обврски важни за функционирање на државата и благосостојба на граѓаните. На тој начин, потврдуваме дека националниот интерес на Црна Гора е пред сè”, рече Ѓукановиќ.

Тој истакна дека ќе биде поддржана секоја одлука и иницијатива што е од интерес за Црна Гора и нејзиниот европски пат.

Претседателот на државата оцени дека извештајот на Европската комисија е очекуван и реален поглед на партнерите и истакна дека е важно да се види како може да се динамизираат реформите и да се подобри перцепцијата.

Од друга страна, европската амбасадорка во земјата Кристина Попа изјави дека Црна Гора е лидер во регионот во процесот на интеграција и дека е важно да се продолжи по тој пат.

Попа ја повтори својата силна посветеност да помогне во владеење на правото и судските реформи преку соработка со новата влада, парламентот и претседателот, така што Црна Гора може да направи понатамошен напредок кон членството во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора