Ѓукановиќ: Србија ги заострува односите со Црна Гора

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ изјави дека „одредени кругови во Србија, вклучително и носители на државната власт, но првенствено медиумски, националистички кругови и Српската православна црква (СПЦ), последнава година се обидуваат да ги заострат односите со Црна Гора за да и го оспорат правото да донесува одлуки во согласност со своите интереси“, јави агенцијата ФЕНА.

Ѓукановиќ на јавниот ТВ сервис рече дека Србија последните години ги заострува односите со соседите – со Загреб, Приштина, па и со Подгорица.

– Еден дел од релевантната јавност на Србија никако да сфати дека Црна Гора не носи просрпски и антисрпски одлуки, туку одлуки кои се во интерес на Црна Гора. Со последните постапки на Србија се доведува во прашање нешто што сите го сметавме за добар почеток на добрососедските односи, рече Ѓукановиќ.

Тој смета дека се уште не треба да се зборува за целосно свртување на српската државна политика кон Русија.

– Јасно е дека руските интереси не се за тоа Балканот динамично да напредува кон европските, а особено кон евроатланските интеграции. Засега Русите се само против интеграциите во НАТО, иако за мене е сосема јасно дека тие се и против интеграцијата на регионот во ЕУ, истакна Ѓукановиќ.

Тој оцени дека Црна Гора денес има неспоредливо поголем имунитет и способност да се заштити отколку што го имаше претходно.

Би можело да ве интересира

Болтон: САД решени да го поддржат продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Србија

Ана Ололовска

Франција ќе продолжи да ја поддржува Србија на нејзиниот пат кон пристапувањето во ЕУ

Ана Ололовска

Хан следната недела во Белград на разговори за реформите и за ситуацијата во регионот

Лажна е дојавата за бомба во авионот на аеродромот во Белград, потврди српското МВР

Ана Ололовска

„1 од 5 милиони“: Продолжените договори на директорите на РТС и РТВ се награда за измамата

Ана Ололовска

Ѓилас: Во Србија нема ниту слобода, ниту демократија

Ана Ололовска