Ѓукановиќ: Објавата на Абазовиќ дека сум даночен должник е најобична лага и измама

Од:

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ денеска ги негираше обвинувањата од страна на вицепремиерот Дритан Абазовиќ дека и должи на државата 12,4 милиони евра данок и порача дека тоа е „најобична лага и измама“, и „срам за Владата и за Црна Гора“.

„Објавата на Дритан Абазовиќ дека сум даночен должник е најобична лага и измама. Како граѓанин на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, не должам ниту цент за данок или за која било друга основа”, напиша Ѓукановиќ на својот профил на Твитер.

Вицепремиерот Абазовиќ тврди дека претседателот Ѓукановиќ на државата и должи 12,4 милиони евра за данок.

„Додека зборува за наводно почитување на Уставот и законите, Мило Ѓукановиќ должи 12,4 милиони евра данок на државата“, напиша Абазовиќ на Твитер.

Тој додаде дека „сега е јасно што се крие зад кревањето тензии, приказните за идентитетот, загрозеноста…“

„Нема повеќе недопирливи“, напиша Абазовиќ.

Абазовиќ ги објави и податоците за блокираните сметки на правни лица од Централна банка на Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора