Ѓукановиќ: Ќе победиме на изборите

Од:

Лидерот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ, кој ја предводи коалицијата Европска Црна Гора, изјави дека е убеден во победата на претстојните вонредни парламентарни избори што е се одржат на 14-ти октомври годинава.

Мило Ѓукановиќ ја даде оваа изјава за медиумите при поднесувањето на изборната листа којашто со свои потписи ја поддржале 81 илјади граѓани, оценувајќи дека и самиот број на собраните потписи доволно зборува се големата поддршка што ја има коалицијата Европска Црна гора, којашто покрај неговата ДПС уште ја сочинуваат и социјалдемократската партија (СДП) на Ранко Кривокапиќ и Либералната партија (ЛП) на Андрија Поповиќ.

„Не мислиме дека листата ја потпишале сите коишто ја поддржуваат нашата коалиција, мислиме дека тоа е околу 50 отсто од оние кои ќе ја поддржат нашата листа на изборите. Убеден сум во нашата победа на изборите и во тоа дека нашата коалиција и натаму ќе претставува оска на власта во следниот период”, рече Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ не потврди, но ниту ги демантира шпекулациите дека доколку неговата коалиција победи, ќе ја преземе премиерската должност.
Рече дека коалицијата сега е во трката за што подобар изборен резултата, кој како што додал, несомнено ќе биде постигнат на гласањето на 14-ти октомври, а потоа ќе следат преговорите за кадровскиот состав на владата кој најдобро ќе може да се справи со предизвиците со кои Црна Гора ќе се соочи во следните четири години.

Рокот за поднесувањето на изборните листи истекува во сред на полноќ. Државната изборна комисија досега ги добила изборните листи на коалицијата Позитивна Црна Гора, Хрватската граѓанска иницијатива и коалицијата Заедно којашто ја сочинуваат Партијата на пензионерите и инвалидите и Југословенската комунистичка партија на Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора