Ѓукановиќ и порача на црногорската опозиција да не се залетува

Од:

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и порача на дел од опозицијата која тврди дека попрво ќе се запали во Парламентот отколку да дозволи усвојување на Законот за слобода на вероисповест, да не се залетува.

Ѓукановиќ изјави дека неволно одговара на логиката на сила и оти за сите прашања, па и за оние кои има драстични разлики, можно е толерантно да се разговара.

– Но кога ќе ве доведат во ситуација да морате да одговорите на нивните аргументи, тогаш сакам да кажам дека се лаже секој оној кој мисли дека поединечно или како институција може да победи која било држава, вклучувајќи ја и државата Црна Гора, изјави Ѓукановиќ во интервју за РТЦГ.

Црногорскиот претседател вели дека имало многу такви обиди во минатото. – Најсвежи ни се сеќавањата од 2015 и 2016 година. Видовте како тоа заврши и видовте како им ги искршија забите на оние кои мислеа дека уриваат држава. Кој и да ни се заканува со својата подготвеност да се запали, жртвува…ќе добие јасен одговор дека нè има многу повеќе на оваа страна, кои сè во животот сме дале за да исправиме една историска неправда и да ја обновиме црногорската држава, истакна Ѓукановиќ.

Владата на Црна Гора го усвои Предлог законот за слобода на вероисповест кој подразбира дека сите верски заедници мора да докажат дека пред 1918 година биле сопственици на црковен имот, инаку ќе им биде одземен. На Законот остро се спротивстави Српската православна црква.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора