Ѓукановиќ го потпиша Законот за слобода на вероисповед

Од:

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ денеска потпиша указ за прогласување на Законот за слобода на вероисповед и други закони, кои минатата недела беа повторно усвоени од Црногорскиот парламент.

„Ги потпишав Указите за прогласување закони откако Парламентот повторно ги изгласа на 20 јануари 2021 година. Дилемите што ги имав и поради кои ги вратив во Собранието за нова одлука, остануваат“, напиша Ѓукановиќ на Твитер.

Тој додаде дека како претседател, според Уставот, е должен да го прогласи повторно изгласаниот закон и дека „нема простор за поинакво уставно постапување“.

На седницата на 20 јануари, Собранието повторно ги усвои измените и дополнувањата на Законот за слобода на вероисповед и неколку други закони за кои првично се гласаше на седницата на 29 декември, но Ѓукановиќ потоа ги врати во Собранието на повторно одлучување.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора