Ѓукановиќ: Црна Гора е сигурен и одговорен партнер на НАТО

Од:

Црна Гора останува активно посветена на приоритетите и насоките на делување на НАТО, вклучувајќи и политика на отворени врати и поддршка за интеграцијата на Северна Македонија, како и присуство во мисиите на Алијансата, изјави синоќа црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ на средбата со командантот на НАТО сојузничката команда за трансформација Андре Ланата.

Ѓукановиќ изрази задоволство по повод посетата на командантот во момент кога Црна Гора со гордост одбележува две години од членството во Алијансата.

– Црна Гора во тој период, како и за време на процесот на пристапување, препозна бројни шанси кои и ги нуди членството во тој клуб, сфаќајќи ја одговорноста на членството и прифаќајќи дека тоа е единствена сигурна перспектива за стабилноста на Југоисточна Европа, рече Ѓукановиќ.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО