Ѓерлек: Државјаните на БиХ можат да се вакцинираат во Србија без пријава

Од:

Државнот секретар во српското Министерство за здравство Мирсад Ѓерлек денеска изјави дека на граѓаните на Босна и Херцеговина не е им е потребно повеќе да се пријавуваат за вакцинација против коронавирус во Србија преку е-управа, и да тие можат директно да дојдат до било кој вакцинален пункт во Србија.

-Тие можат да дојдат на било кој пункт за вакцинација во Србија и да примат која било од вакцините што се достапни, изјави Ѓерлек за ТВ Пинк.

Тој оцени дека бројот на новозаболени во Србија опаѓа, но дека е загрижен за нееднаквиот одговор на вакцинацијата.

-Миграцијата, движењето на луѓето може да доведе до непредвидливи работи и вирусот од регионот може да се пренесе во друг, посочи тој.

Синоќа српската Влада во знак на солидарност и постигнување на колективен имунитет во регионот донесе одлука да им се овозможи на граѓаните на БИХ имунизација во Србија против Ковид-19.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како што јавија медиумите синоќа побара од владата да овозможи бесплатна вакцинација и за сите граѓани на Северна Македонија по сопствен избор.

Тие во Србија ќе можат да добијат една од четирите вакцини од производителите „Фајзер-Бајонтек“, „Синофарм“, „АстраЗенека“ и „Спутник Ве“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски