Басистот на „Рибља чорба“ почина од Ковид-19

Од:

Басистот на рок групата „Рибља чорба“ Миросалв Миша Алексиќ почина на 67-годишна возраст од последиците од коронавирусот.

Музичарот се лекуваше во КБЦ „Бежаниска коса“, а со денови беше приклучен на респиратор поради лошата состојба.

Неговата ќерка Мина Алексиќ пред неколку дена објави тажна порака на Фејсбук за состојбата на нејзиниот татко. Веруваше дека ќе се опорави.

– Мојот Миша е заболен од Ковид и е на респиратор веќе трет ден. Секој час е негова борба за животот, како и моја за него. Миша би сакал сите наши блиски луѓе да знаат каков борец е тој. Би сакал сите луѓе кои го сакаат и почитуваат да бидат со нас, да бидат со него и да веруваат дека ќе го победиме коронавирусот, напиша таа.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати