Ги прекршил мерките за да го види новиот стадион на АЕК, фудбалскиот тим ќе му ја плати казната

Од:

Средовечен Грк бил казнет со 150 евра за неоправдано движење, откако отишол да го види новиот стадион на фудбалскиот клуб АЕК, што е во изградба, а челниците на тимот ќе му ја платат казната и ќе му дадат сезонски билет, јави дописничката на МИА од Атина.

Според медиумите во Грција, станува збор за верен навивач на атинскиот клуб, кој двапати седмично, со автобус, го посетувал новиот стадион и ја следел изградбата, иако се наоѓа во друга населба, неколку километри од местото каде што живее.

-Тргнав да го видам стадионот на АЕК, вели Константинос Фотинос за телевизијата „Антена“, објаснувајќи дека го запрела полиција, ја немал потребната потврда и му била напишана казна од 150 евра.

Додава дека виновна е неговата сопруга бидејќи направила грешка во потврдите што се неопходни за излегување од дома.

За целиот случај, реакција стигна од атинскиот фудбалски клуб и со одлука на сопственикот, казната ќе ја платат тие, на нивниот верен навивач ќе му го доделат првиот сезонски билет за натпреварите на АЕК на новиот стадион, но и му упатија препораки да не ги крши мерките за забрана на движењето.

-Неговата насмевка на прашањето „дали е за АЕК“, за нас беше најслаткото нешто во овие црни денови. Со одлука на Димитрис Мелисанидис првиот сезонски билет на „Света Софија“ (Аја Софиа), со право му припаѓа нему! Сакаме да биде здрав, сакаме да биде заедно со нас на најголемиот ден во нашата историја. Затоа, иако како ФК АЕК ќе ги покриеме трошоците за казната за прекршување на мерките за движење, како што веќе го известивме, но побаравме од неговите да му ги пренесат строгите препораки да не го повтори прекршувањето преку неговата програма што вклучува две посети седмично, напиша на неговиот „Фејсбук“ профил, Андреас Диматос, кој е одговорен за медиуми во Фудбалскиот клуб.

Би можело да ве интересира

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Грчки дипломатски извори: Македонија имаше доволно време за замена на пасошите, нема барање за продолжување на рокот

Маж убиен со повеќе од 10 куршуми среде ноќ во Атина

Во Атина: Го убил помалиот брат по расправија за облека

ВИДЕО: Албанец застрелал тројца пред клуб во Атина

Катерина Ѓуровски

Насилство во Атина: Ја тепал, силувал и ја ограбил партнерката, жената сакала да се убие

Горан Наумовски