Германски турист спасен од смрзнување во Брезовица

Од:

Германски државјанин се загубил вчера во околината на месноста и скијашкиот центар Брезовица на косовската страна од Шар Планина, каде што излегол да се скија, но заскитал поради густата магла.

Германскиот турист, идентификуван како Патрик, бил пронајден од спасувачките екипи синоќа околу 21 часот, по четиричасовна потрага.

Како што јавија косовските медиуми, гостинот од Германија се загубил откако, додека скијал, вчера доцна попладне на еден од планинските врвови одеднаш паднала густа магла, а потрагата по него почнала откако се јавил по телефон на една пицерија во близина на скијачкиот центар, чиј број случајно го зачувал во својот мобилен телефон.

Спасувачите информираа дека Патрик физички се чувствува добро, само што бил потресен од настанот, но го продолжува одморот во Брезовица.

Би можело да ве интересира

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Мечка нападнала дански турист на Шар Планина

Орце Костов

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

ВИДЕО: Спасена Австријка која тешко се повредила на скијање на Шапка

Катерина Ѓуровски

Дрвја стари од 60 до 80 години исечени на Шар Планина во зоната на активно управување