Германски медиуми: Шолц му го врти грбот на Вучиќ поради Русија

Од:

Германија го зголемува притисокот врз српските власти да се приклучат кон санкциите против Русија, пишува весникот „Велт“. Извори на весникот од германската влада наведуваат дека усогласувањето со Русија ќе има последици за Србија.

Берлин бара Србија да одлучи или за патот кон Европската унија или за партнерството со Русија, велат извори на весникот „Велт“ од Берлин. „Потребата од одлуката се зголемува со оглед на геополитичкиот развој“, изјавил неименуван претставник на Владата на новинарот на весникот, пренесува Дојче веле.

Како што се наведува понатаму, во Берлин биле „изненадени и разочарани“ кога Србија го потпишала Планот за консултации на министерствата за надворешни работи со Русија бидејќи, како што велат, тоа не го поткрепува очекувањето дека Белград ќе воведе санкции кон Русија.

Тој план, кој беше критикуван од Западот, во септември го потпишаа поранешниот српски министер за надворешни работи Никола Селаковиќ и рускиот колега Сергеј Лавров во Њујорк. Во Белград подоцна тврдеа дека тоа е неформален план за консултации.

Како што продолжува изворот на Велт, во Берлин преовладува впечатокот дека српскиот претседател Александар Вучиќ е искусен политичар кој е свесен за моменталната позиција меѓу ЕУ и Русија. „Ќе станува сè понепријатно да се седи на таа ограда“, вели изворот.

Се наведува дека Вучиќ може да ја очекува поддршката од германската влада доколку реши да ја води земјата кон ЕУ. „Ако реши да тргне по друг пат, тоа ќе има последици“, додал изворот.

Пред важниот Самит за Балканот

Во Берлин деновиве се води активна дипломатија во врска со Балканот. Таму се собраа голем број експерти од регионот и политичари, а во пресрет на самитот на Берлинскиот процес, каде во четврток (3 ноември) треба да бидат потпишани договорите за слобода на движење и признавање на документите меѓу земјите од Западен Балкан.

Новиот вицепремиер на српската влада и министер за одбрана Милош Вучевиќ неодамна изјави дека Владата „не размислува“ за воведување санкции против Русија.

Тој посочи дека се уште важат заклучоците на Советот за национална безбедност издадени на самиот почеток на војната во Украина. Во него се наведува дека Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина и дека одбива да воведе санкции кон Москва.

Би можело да ве интересира

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски