Германија се огласи околу обвинението против Тачи и Весели

Од:

Германија денеска го поздрави подигнувањето обвинение за воени злосторства против косовскиот претседател Хашим Тачи и поранешниот претседател на собранието на Косово, Кадри Весели, бидејќи „помирувањето може да функционира само ако сите воени злосторства бидат казнети“.

„Секому треба да биде јасно дека на обвинителна клупа не е ОВК, туку поединци кои во тоа време беа на водечки функции во ОВК,“ изјави за Дојче Веле пратеникот на владејачката Христијанско-демократска унија, Петер Бајер, член на одборот за надворешна политика во Бундестагот. Бајер додава и дека „постигнатите заслуги на самата ОВК не се спорни“.

Според германскиот пратеник, „косовскиот народ ова треба да го види како позитивен сигнал дека земјата тргнува во правец на функционална правна држава“.

Специјалното обвинителство во Хаг неделава подигна обвинение против Тачи, Весели и уште осуммина поранешни борци и команданти на Ослободителната војска на Косово, за серија злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително и убиства, прогони и тортура.

Во обвинението се наведува дека осомничените сносат кривична одговорност за речиси 100 убиства. Наведени се имињата на стотина жртви меѓу кои и косовски Албанци, Срби, Роми и припадници на други етнички групи, но и политички противници.

Хашим Тачи денес се огласи за првпат по веста од Хаг, изјавувајќи од Тирана, од каде што се враќа во Приштина, дека ќе ѝ се обрати на јавноста во недела.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он