Герџиков потврди дека прифатил да биде кандидат на ГЕРБ на претседателските избори во Бугарија

Од:

Ректорот на Софискиот универзитет, Анастас Герџиков, прифати да биде претседателски кандидат, откако претходно денеска повеќе електронски медиуми во Софија ја објавија веста дека иницијативен комитет ќе го предложи за и дека тој ќе биде поддржан од ГЕРБ.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, професорот ја потврди информацијата дека влегува во претседателската трка.

Герџиков објави дека прифатил да биде предложен за претседателски кандидат од иницијативен комитет, бидејќи верува дека во овој тежок момент на поделби и спротивставувања ги има потребните квалитети за да го отелотвори единството на нацијата.

Тој, исто така, изјави дека не е политичар и дека не размислува ниту зборувам како политичарите, но „верувам дека секој е должен во одреден момент да и се оддолжи на Бугарија за се што добил од својата татковина и сонародниците“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит