Герџиков: Македонија мора да ги исполни своите обврски од Договорот за соседство и соработка

Од:

Кандидатот за претседател на претстојните избори во Република Бугарија, професорот Атанас Герџиков во емисијата „Лице в лице“ на бугарската телевизија БТВ ги коментираше односите меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Герџиков порачал оти сакаат интеграција на сите земји на Западен Балкан, вклучително и Република Северна Македонија во Европската Унија.

Според професорот тие мора да ги исполнат обврските од Договорот за соседство и соработка.

– Додека овие обврски не бидат прифатени, Бугарија не треба да подлегне на каков било притисок, изјави тој.

Според Герџиков, во последните 24 часа за првпат имало позитивни сигнали и тој изрази надеж дека тие нема да бидат уште едно ветување без покривање.

Би можело да ве интересира

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина

Земјотрес во Бугарија