ГЕРБ во првиот круг на дополнителните локални избори во Бугарија победи во девет населени места

Од:

Според досегашните податоци, бугарската партија ГЕРБ убедливо победува во првиот круг против кандидатите нa БСП (Бугарска социјалистичка партија) и ДПС (Движење за правата и слободите) освојувајќи девет градоначалнички места, пренесе бугарската национална телевизија Нова.

Се очекува конечните резултати да бидат објавени во текот на денот.

Овие локални избори во Бугарија се првите кои се одржаа во услови на пандемија со зголемени мерки за заштита.

Единствената кандидатка за градоначалничката функција во бугарската општина Септември, Васка Рачева, за Нова ги коментираше резултатите од гласањето.

„Со поддршката која ми ја дадовте, упативте јасен и недвосмислен став против сите обиди за надворешни корпоративни интереси, спречувајќи целосна злоупотреба на природните ресурси во регионот. Со вашиот глас денес, покажавте дека сакате фер однос кон нашата општина “, рече таа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит