Геноцидот во Сребреница никогаш не е докажан

Од:

Претседателот на НВО „Историски проект за Сребреница“, Стефан Каргановиќ го повика претседателот на НВО „Мајка Сребреница“, Хатиџ Мегмедовиќ да го тужи, за да конечно пред судот се открие вистината за случувањата и го повтори ставот дека во Сребреница немало геноцид.

dobivaj vesti na viber

-Ви советувам да не трошите време и ресурси тужејќи го претседателот на Република Српска, Милорад Додик. Тоа е премногу очигледен политички мотивиран и пропаганден чекор, од кој нема да имате апсолутно никаква корист. За да навистина ја постигнете целта, Вие треба да ме тужите мене и „Историскиот проект Сребреница“, затоа што ние ги плетеме конците и ги менуваме сметките-наведе Каргановиќ во отвореното писмо до Мехмедовиќ.

Тој наведува дека за тврдењето дека во Сребреница, во јули 1995 година се случил геноцид, нема доказ во рамките со применливите норми на меѓународното кривично право.

-Тврдењето дека спротивно на одредбите на меѓународното воено право, во периодот по 11 –ти јули 1995 година, се стрелани 8.000 мажи и деца, без никакви аргументи е недокажано. Зад овие две констатации стоиме јас и „Историскиот проект за Сребреница“ – наведува тој.

Каргановиќ порачува дека тие сега имаат се што е потребно за да им поднесат тужба.

-Ве молиме не двоумете се да го направите тоа. Вашите неосновани тези никогаш до сега не беа тестирани пред неутрален и објективен суд. Тие можеа да поминат само пред политичките судови како што е Хашкиот трибунал и судот во Сараево.

Чекор кон вистината

Каргановиќ реагираше на најавата на Мехмедовиќ во „Народни весници“ дека ќе ги тужи лицата кои што го „негираат геноцидот во Сребреница“ и ја оспоруваат официјалната верзија за осум илјади жртви.

Тој порача дека отворена расправа пред судот претставува голем чекор за утврдување на вистината за случувањата во Сребреница во јули 1995 година.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ЕУФОР: Почнува распоредувањето германски војници во составот во БиХ

А1он

Повеќе од 95.000 граѓани се откажале од државјанството на БиХ

Двајца убиени на селска прослава во БиХ

Борел: Додека ја држи Сребреница во своето срце, ЕУ цврсто стои зад БиХ и Западен Балкан

Во Скопје се одбележува 11 Јули-Ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница

Мишел: Геноцидот во Сребреница еден од најмрачните моменти во модерната европска историја