Генимата со забелешки за договорот меѓу Македонија и Грција

Од:

Доколку во ревизијата на Уставот се вклучи и прилагодување на националноста и јазикот согласно со новото име и доколку поканата за интеграција во НАТО се достави по завршувањето на процесот, тогаш договорот би можел да биде прифатен, вели лидерката на Движењето за промена, Фофи Генимата, во однос на постигнатото решение меѓу Македонија и Грција.

– Договорот што го претстави владата е еден чекор, но не и комплетно решение. Има позитивни точки што одговараат на рамката поставена од Движењето за промена за да се реши прашањето со Скопје. Но, имплементацијата не зависи од Грција, туку генерално од постапките на соседната земја. Но, постојат и негативни точки и проблеми што може да ја оддалечат перспективата за одржливо и национално корисно решение, вели Генимата и објаснува дека ако националноста и јазикот на нашата земја се прилагодат согласно со новото име и поканат за НАТО дојде подоцна, тогаш тие би го поддржале договорот.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, лидерката на Движењето за промена (коалицијата на ПАСОК, Демократска левица и Река) упати критики до владата и до опозициската Нова демократија за позициите во прашањето за името.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски