Генерално собрание на новинските агенциите од Југоисточна Европа (АБНА-СЕ) во Истанбул

Од:

Во Истанбул, Турција, изминатиот викенд се одржа 27-то Генерално собрание на Aсоцијацијата на балкански новински агенции АБНА-СЕ, на тема „Дигитални медиуми: Што понатаму?”.

На конференција беа презентирани најновите технологии и трендови во дигиталниот свет и беше дискутиран нивниот придонес во медиумската индустрија.

Нов претседавач на АБНА е турската новинска агенција Анадолија, а за генерален секретар е избран Михалис Псилос, директор на грчката новинска агенција АНА-МПА.

На Собранието на АБНА, исто така, се разговараше за соработката меѓу новинските агенции во регионот и како да соработуваат за мирот, пријателството и безбедносните прашања во регионот.

Асоцијацијата на балкански новински агенции – Југоисточна Европа е формирана во 1995 година, со цел да се обезбеди поголема соработка меѓу новинските агенции во регионот. Основачката конференција се одржа во Солун во 1995 година како иницијатива на МПА, додека првото Собрание се одржа во Анталија, Турција на 15 и 16 декември 1995 година.

Полноправни членови на АБНА-СЕ се: АЏЕРПРЕС (Букурешт), АНА-МПА (Атина), АНАДОЛУ (Анкара), АТА (Тирана), БТА (Софија), ЦНА (Никозија), ФЕНА (Сараево), ХИНА (Загреб), МИА (Скопје), КосоваПрес (Приштина) и ТАЈНУГ (Белград), додека набљудувачи се државните новински агенции на Молдавија, Словенија, Ерменија и Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски