Генерален штрајк во Грција

Од:

Во Грција денеска се одржува генерален штрајк, во пресрет на утрешното гласање во Парламентот по пакетот-закони за ревизија на државниот сектор, што е услов за продолжување на финансиската помош од меѓународните кредитори.

Еден ден пред генералниот штрајк, општинските службеници ширум земјата, вклучувајќи ја и атинската полиција одговорна за контрола на непрописно паркирање, како и уличините продавачи, ја прекинаа работата на три дена, а локалните полицајци предизвикаа застој во сообраќајот во центарот на Атина.

Кон денешниот штрајк ќе се приклучат и вработени во железницата, како и во атинскиот приградски железнички сообраќај и делумно во метро превозот.

До среда ќе бидат затворени канцелариите на градоначалниците, а во најголемите градови  ќе бидат одржани демонстрации, кои ги организираат водечките синдикати во државниот и приватниот сектор АДЕДИ И ГСЕЕ.

Протестите почнаа кога општинските службеници, кои ги застапува синдикалната унија ПОЕ-ОТА почнаа протестен марш на плоштадот Караискаки во Атина, со немера да ја прошират акцијата на поголемите градски центри ширум Грција.

ПОЕ-ОТА изутринава ќе одржи протестен митинг на плоштадот Караискаки, а сите општински служби, освен социјалните, нема да работа.

АДЕДИ и ГССЕ, кои го претставуваа мнозинството на синдикално организираните работници во приватниот и јавниот сектор, со поддршка на Унијата на синдикат ПОЕДХН на вработените во здравството, најавија 24 часовен штрајк. Лекарите во државните болници планираат да штрајкуваат и утре.

Пакетот-закони беше одобрен кон крајот на минатата недела од парламентарната Комисија за економски прашања со гласовите на двете партии од владејачката коалиција – конзервативната Нова демократија и социјалистичката ПАСОК.  Демократската левица (ДИМАР), која ја напушти коалицијата минатиот месец гласаше „против“.

Грција доби тримесечно одложување од тројката меѓународни кредитори (Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) за ставањето на 12.500 вработени во буџетскиот сектор во т.н. „шема на мобилност“, што значи дека тие имаат рок од осум месеци за да пронајдат нова работа или ќе бидат отпуштени. Грција овие кратења требаше да ги спроведе до јуни.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски