Генчовска: Педесет Бугари се блокирани во Москва

Од:

Во Москва се блокирани 50 Бугари, бидејќи Бугарија го затвора својот воздушен простор за руски авиони, а Русија воведе реципрочна мерка, изјави на денешниот брифинг бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска.

– Дадовме инструкции на бугарската амбасада во Москва да обезбеди сместување за овие граѓани во хотел, а во исто време да се подготви да ги транспортира по копнен пат до најблиските земји – најверојатно Латвија и Естонија, тоа треба да се прецизира, рече Генчовска.

Таа објави и една, според неа, најнова информација – ректорот на Техничкиот универзитет во Софија штотуку предложил да се обезбеди дополнителен прием на студенти и ученици од Украина и за таа цел ќе се бара зголемување на квотите за прием на заинтересирани студенти.

– Ректорот предложи тие да се сместат во студентски домови, но за тоа допрва ќе се расправа на Советот на министри, рече Генчовска.

Таа рече дека на последниот Совет на министрите за надворешни работи на ЕУ имало вклучување на министерот за надворешни работи на Украина, кој ги повикал сите земји-членки да и помогнат на Украина со хуманитарна помош.

Бугарскиот Црвен крст од вчера презеде иницијатива, формирана е организација, целата номенклатура со барањата е на веб-страницата на МНР, информира министерката.

Бугарската држава ќе обезбеди транспорт на хуманитарна помош до границата со Романија, а таму романските власти ќе ја префрлат во Украина.

На прашањето за евакуацијата на Бугарите од Киев, Генчовска рече дека автобусите се уште се надвор од Киев, бидејќи во главниот град на Украина се уште е полициски час и во оваа фаза е невозможно да се извлечат Бугарите. – Ќе одредиме собирен пункт за нашите граѓани во Киев што е можно поскоро, рече шефот на дипломатијата.

Во врска со прашањето дали е Украина побарала воена помош од Бугарија, Генчовска одговори дека има нота која е предадена од украинскиот амбасадор во Министерството за одбрана со список на номенклатура. – Колегите од Министерството за одбрана работат на тоа, претпоставувам дека наскоро ќе биде донесена одлука што точно ќе биде испорачано во Украина, рече министерката за надворешни работи.

На прашањето дали е безбедно луѓето во Украина да патуваат со нивните автомобили, од Министерството за надворешни работи одговорија дека е подобро да се контактира прво со бугарската амбасада во Киев, а потоа да се преземе такво патување.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?