„Газета експрес“: Вонредните избори во Косово на 29 септември

Од:

Косовските политички партии ќе ги измерат силите на вонредни парламентарни избори во последната недела од септември годинава, пишува денеска приштинскиот портал „Газета експрес“, повикувајќи се на извори во кабинетот на претседателот на Косово Хашим Тачи.

Тачи се очекува да го прогласи 29 септември за ден на изборите, по седницата на косовското Собрание, на 22 овој месец, кога се очекува одлука за самораспуштање на законодавниот дом, откако претходно, минатиот месец, премиерот Рамуш Харадинај поднесе оставка.

По собраниската седница на 22 август, Тачи се очекува да ги повика на консултации лидерите на парламентарните партии, по што ќе го објави датумот за вонредните избори, тврдат изворите од претседателскиот кабинет.

Сите парламентарни партии, како од власта, така и од опозицијата, се согласија дека единствен излез од моменталната политичка ситуација се вонредните избори. Претходно, владејачката коалиција ја одби поканата на Тачи да именува мандатар за нов претседател на Владата.

Би можело да ве интересира

Не постои законска можност Владата со заклучок да прогласува дополнителни неработни денови за да се гласа

Орце Костов

(ВИДЕО) Максим Димитриевски во Ѓорче Петров: Плагијатите што ги прават се потврда дека ЗНАМ нуди вистински решенија за состојбите во Македонија

Орце Костов

Битиќи: Просечната пензија ќе ја зголемиме на 30.000 денари

Орце Костов

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност