„Газета Експрес“: Новиот американски државен секретар Ентони Блинкен е голем поддржувач на Косово

Од:

Новиот претседател на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, на една од најзначајните функции, онаа на државниот секретар, го именува својот долгогодишен соработник Ентони Блинкен, кој е докажан пријател и голем поддржувач на Косово, пишува денеска косовскиот портал „Газета Експрес“.

Порталот потсетува дека Блинкен работеше во Белата Куќа во времето на претседателот Бил Клинтон и беше „специфично ангажиран во воената интервенција на САД за да се стави крај на војната во Косово“.

Портретирајќи го новиот шеф на американската дипломатија, „Газета Експрес“ потсетува дека тој во ноември 2015 година отворено го поддржа Косово во намерата да се зачлени во УНЕСКО.

– Со гордост го пренесувам нашето силно убедување дека Косово треба да биде примено во УНЕСКО како полноправна членка, напиша Блинкен на својот Твитер, пренесувајќи ја и сликата со тогашниот косовски претседател Хашим Тачи.

Наредната година, пишува понатаму приштинкскиот медиум, тој се израдува на златниот медал на косовската џудистка Мајлинда Кељменди на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

– На своите први Олимписки игри, честитки за Косово за освоеното злато во џудо во Рио 2016, напиша тогаш американскиот дипломат.

Порталот го пренесува и пишувањето на лондонски „Гардиан“, според кој, „како роден интернационалист, Блинкен ќе се заложи да ги смири нервите на уморните западни сојузници“ на САД.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он