„Галуп“: Владата и Радев со голема доверба ги започнуваат мандатите

Од:

Бугарскиот претседател Румен Радев својот мандат го започна со традиционално висока доверба од 58,5 проценти и недоверба од 32,1 отсто, со што останува најпосакуваната личност во политичкиот живот во Бугарија со највисок позитивен рејтинг, објави БГНЕС.

dobivaj vesti na viber

Довербата во Владата се зголеми на 44,9 отсто и е поголема од недовербата (39 проценти), што се случува првпат уште од првиот мандат на Бојко Борисов во 2009 година и покажува акумулација на надеж за крај на политичката криза. Податоците се од репрезентативната студија на полнолетното население во земјата од независната месечна истражувачка програма на Галуп Интернешнл Балкан, „лице в лице“. Спроведено е меѓу 805 возрасни Бугари во периодот меѓу 6 и 14 јануари.

Сепак, економските стравови на Бугарите се високи – 86,4 проценти очекуваат зголемување на цените, откако повеќе години тој показател се движеше под 70 отсто, а на крајот се приближи до 90 проценти пред завршувањето на првиот мандат на Борисов и протестите кои се одржуваа поради високите цени. Позицијата на бугарските испитаници кон Северна Македонија се зацврстува и во јануари, а податоците покажуваат дека 15,3 отсто не сакаат Северна Македонија да започне преговори под никакви околности, 60,8 проценти – само ако го исполни договорот со Бугарија, а 7,6 отсто од анкетираните не поставуваат услови.

Останатите личности со позитивен рејтинг во Бугарија во последните месеци се Кирил Петков, со зголемена доверба, што е очекувано за нов премиер и ново лице во политиката, Стефан Јанев, Асен Василев, исто така со зголемена доверба, и Илијана Јотова.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Бугарија ќе се формира аналитичко тело што ќе ги следи дезинформациите во медиумите

Ана Ололовска

Петков и Вархеји на средба во бугарската Влада

Ана Ололовска

Радев на средба со помошник државната секретарка на САД Донфрид

Ана Ололовска

Бугарскиот премиер Кирил Петков ја прими американската помошник-државна секретарка Карен Донфрид

Ана Ололовска

За лебот во Бугарија ќе се воведе 0% ДДВ, а пензиите ќе се зголемат за 20%

Кристалина Георгиева: Приклучувањето кон еврозоната е логичен чекор за Бугарија

Ана Ололовска