Галуп: Бугарскиот претседател Радев со доверба од 64,3 отсто

Од:

Довербата во бугарскиот претседател Румен Радев, според репрезентативната анкета на Галуп, е 64,3 отсто, а недовербата 22,2 отсто, додека 12,5 отсто се двоумат, а само 1 отсто не слушнале за него.

Дописникот на МИА од Софија јави дека довербата во Радев, како што забележува истражувањето во последните месеци, расте, а причина за тоа се активностите на привремената бугарска влада составена од него.

Како што е посочено, Румен Радев го одржува своето место како најпосакувана личност во бугарскиот политички процес и како единствена личност со позитивен рејтинг, надминувајќи ја недовербата.

Анкетата се спроведува три месеци пред претседателските избори во Бугарија.

Социолошката агенција во Софија регистрираше висока оценка за работата на привремената влада на Бугарија – 58,9 проценти ја одобруваат нејзината активност, а 28,8 проценти се незадоволни, додека останатите се двоумат.

Истражувањето на „Галуп Интернешнл Балкан“ го покажува и односот на бугарските граѓани кон вакцинацијата, Според него, 16,7 отсто тврдат дека се вакцинирани со две дози вакцина против коронавирус, 27 отсто сè уште не се вакцинирани, но изразиле желба да го сторат тоа, додека 41,8 отсто велат дека не сакаат да се вакцинираат против Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Поранешните технички министри, Кирил Петков и Асен Василев, го претставија својот политички проект „Продоложуваме со промената“, со кој влегуваат во бугарската политика

Ана Ололовска

Бугарија: ГЕРБ сe врaти на првото место во довербата кај граѓаните

Ана Ололовска

Поранешниот бугарски претседател Плевнелиев го одбил Борисов да биде претседателски кандидат на ГЕРБ за изборите во ноември

Ана Ололовска

Средба Заев – Ајкхорст: Со Бугарија ќе продолжиме да бараме европско решение што ќе овозможи двојна победа

А1он

Бугарската телеграфска агенција предлага балканските агенции да формираат „Балканска соба за вести“

А1он

Бугарскиот претседател Румен Радев ја претстави новата привремена влада