Фрлен динамит пред дискотеката „Топ хил“ во Будва, нема повредени

Од:

Две експлозивни направи беа фрлени синоќа во непосредна близина на популарната дискотека „Топ хил“ во црногорскиот град Будва.

Во експлозијата нема повредени, ниту е предизвикана материјална штета.

Се претпоставува дека станува збор за динамит, фрлен од автомобил во движење, кој минал со голема брзина пред влезот на дискотеката.

Засега не е познат мотивот за нападот врз дискотеката.

Дискотеката „Топ хил“ е главно место за забава во Будва и речиси секоја втора вечер таму се организира гостување на некоја од познатите ѕвезди од поранешна Југославија.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора